Линкови за пристапност

Почна судскиот процес за случајот „Рекет“


На самиот старт судењето беше прекинато за да се утврди дали обвинетиот Бојан Јовановски, кој се жалеше на сериозни здравствени проблеми, е во состојба да го следи и да учествува во процесот

СКОПЈЕ - Судскиот процес за случајот „Рекет“ почна. Во судницата во скопскиот Кривичен суд беа донесени второобвинетата Катица Јанева и третообвинетиот Зоран Милевски кои беа спроведени во судот со полициска придружба од куќен притвор.

Четириесетина минути подоцна во судот, од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари беше донесен првообвинетиот Бојан Јовановски - „Боки 13“.

На самиот старт тој се пожали на сериозни болки и лоша здравствена состојба поради што судијата даде пауза од 30 минути за да биде пргледан од лекарски тим кој утврди дека Јовановски е способен да со следи и да учествува во процесот.

Дали ќе ја признаат вината и каде завршиле еден и половина милион евра земени од бизнисменот Орце Камчев се клучните барања кои ги очекува јавноста. Според обвинителниот акт Јовановски се товари за “Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“ за кои пропишаната затворска казна е од 1 до 10 години. Јанева е обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, дело за кое минималната казна е теи години затвор, а Милевски се товари за „Примање награда за противзаконито влијание“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG