Линкови за пристапност

Судиите и обвинителите на тапет кај Антикорупциска во 2020 година


Од Комисијата потенцираат дека проверката е врз основа на нивна проценка и веќе е предвидена во Годнишниот план за работа а не поради барањето на премиерот. Тие побараа доекипирање во кадар и техника но и владина координација на сите надлежни институции за успешно завршување на процесот

СКОПЈЕ –Правосудството е столб кој е подложен на висок ризик од корупција покажале анализите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и поради тоа во Годишниот план за работа за 2020 година е предвидена проверка на анкентите листови и имотната состојба на носителите на функции во овој сектор, судиите и обвинителите, а не бидејќи тоа го побара премиерот Зоран Заев. Антикорупционерите на денешниот колегиум само ја потврдиле одлуката проверката да се изврши наредната година.

„Државната комисија, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвојува Годишен план за наредна година, за следење на имотна состојба и судир на интереси, врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, што е и основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму судиите и јавните обвинители ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година“, стои во соопштението од Антикорупциска.

Антикорупционерите објаснија дека спорен нивните ингеренции ќе вршат проверка наподатоците во анкетните листови а ќе се испитува имотната состојба кај оние судии и обвинители за кои постои сомневање или има инфромации за несразмерно зголемување споредено со неговите примања и примањата на неговото потесносемејство.

Околу можноста антикорупционерите да го испитуваат евентуалниот судир на интереси кај носителите на јавни функции во правосудниот сектор, по денешниот колегиум , тие го повторија својот став дека можат само да испитуваат дали судиите и обвинителите се членови на надзорни и управни одбори или невладини здруженија и организации кои би можеле да доведат до евентуален судир на интереси, но не можат да испитуваат какви врски тие одржуваат со адвокати и други лица. Оттаму додаваат дека постои закон според кој носителите на јавни функции во овој сектор можат да се изземат од процес или истрага и упатуваат на Советот на судии и Советот на обвинители кои можат да го испитуваат токму ова прашање.

Антикорупционерите повторно со апел до Владата дека им е неопходно екипирање како со луѓе и истражители така и со техника и опрема за да можат непречено да функционираат особено во делот на испитувањето на имотната состојба која е нивна нова надлежност бидејќи тоа досега го правеше УЈП. Тие побараа од премиерот дас ги координира сите надлежни институции и да им даде јконкретни задолжени за да може овој процес да заврши што е можно поуспешно.

„ Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Северна Македонија“, велат од Антикорупциска.

ПремиеротЗаев, вчера, побара од ДКСК ведна да почне со проверки на судиите и обвинителите со цел како што кажа да се „исчисти“ правосудството од корупмирани судии и обвинители кои според него ги минирале процесите каде се обвинети лица од претходната власт. Тој побара и да се истражат и судирите на интереси а Судскиот совет и Советот на обвинители да ја проверат одговорноста на судиите и обвинителите за застарување на предметите и најави проверка на сите лекарски потврди со кои осуденици биле пуштени од затвор и потоа побегнале.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG