Линкови за пристапност

Заев: „Потребно е чистење на правосудството од нечесни судии и обвинители“


Антикорупциска, на утрешниот колегиум, ќе го разгледа барањето на премиерот за проверка на имотот на судиите и обвинителите. За опозицијата ова е признание дека власта не успеала да ги исполни ветувањата за правна држава

СКОПЈЕ - Правосудството е последниот бастион на „заробената држава“ и мора да се исчисти од нечесните судии и обвинители за да можат професионалците да работат непречено и да почне да функционира правната држава, соопшти премиерот Зоран Заев во денешното видео обраќање до јавноста.Вината за неуспехот во правниот систем ја лоцираше кај т.н. „Сваровски“ центри на моќ кои ги опструираат процесите каде се обвинети претставници на претходната власт.

Тој побара од Антикорупциската комисија веднаш да почне со проверка на имотот на судиите и обвинителите и утврдување на евентуален конфликт на интереси.

„Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш. Комисијата има таква можност и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш. Извршната власт ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за проверка на потеклото на имотите и парите, на обвинителите, судиите, и нивните семејства. Антикорупциската комисија треба да ги утврди и конфликтите на интереси. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе“ кажа Заев во обраќањето.

Тој ги повика и Судскиот совет и Советот на обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите во предмети кои застареле и да ја проверат професионалноста и ажурноста на работата на судиите.

Премиерот додаде и дека извршната власт ќе почне да работи на ветингот во правосудството и дека ќе се почне проверка на сите лекарски потврди со кои осуденици биле пуштени од затвор и потоа побегнале.

Од Антикорупциска псоопштија дека барањето на премиерот ќе го разгледаат на утрешниот колегиум.

„Согласно законот за проверка на имотната состојба Антикорупциска мора да донесе годишен план. Ние тоа ќе го направиме, и онака нас судиите ни беа таргет бидејќи најголем ризик од корупција се наоѓа токму во овој сектор. Ни беа таргет за определување на планот за идната година, меѓутоа конкретното барање на премиерот ќе го разгледаме на утрешниот колегиум. Избраните и именуваните лица, вклучувајќи ги и судиите, го пријавуваат во анкетниот лист како судир на интереси тоа што нив лично им е судир на интерес. Значи тоа е малку покомплексно прашање што ќе бара посоодветен пристап за разгледување на тоа прашање“, изјави Билјана Ивановска, претседатл на Антикорупцика за телевизија „Телма“.

За опозициската ВМРО - ДПМНЕ, обраќањето на премиерот и барањето за старт на ветинг во правосудтвото е признание за пораз и „каптиулација“ на правната држава.

„Тоа што денеска Зоран Заев лицемерно го говори, практично ние го говоревме уште во месец јуни кога баравме потекло на имотот на политичарите на судиите на обвинителите. Со тоа, денешно обраќање практично признава дека капитулирала правната држава, но не само он исто тоа го кажа и министерката Дескоска кога кажа дека практично бил урнисан целиот правен систем, бил урнисан Уставот кога се случуваа оние насилни процеси во парламентот кога се правеше трговија со правото и законите во државата за да се реализираат политички цели“, рече лидерот Христијан Мицкоски на прес конференција во седиштето на партијата.

Тој додаде дека ќе го поддржи барањето на СДСМ автентично толкување на членот 11а од Законот за помилување кој се најде на седница на Уставниот суд а кој се однесува на амнестијата на педесетина осомничени и обвинети во предметите на СЈО која ја даде, па ја повлече, поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Сепак Мицкоски нагласи дека поддршката доаќа со услов односно испорача две барања - да се забрани амнестија за политичари а на овие кои веќе биле амнестирани да им се забрани да се бават со политика или да извршуваат јавна функција во Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG