Линкови за пристапност

Примирје со полицијата во Хонгконг


Слики во живо покажуваат како полицијата ги гони бегалците, од кои некои биле раскрвавени.

Претседателот на Политехничкиот Универзитед што е под опсада во Хонгконг кажал дека постигнал примирје со полицијата. Тенг Јин-Гуанг вели дека ќе дозволи стотици демонстранти кои се заробени внатре, мирно да го напуштат кампусот.

Тенг вели дека добил уверување од полицијата за времена суспензија на употребата на сила од страна на полицијата доколку протестантите не иницираат насилство.

Не е јасно кога примирјето стапува во сила.

Десетици студенти, и покрај тоа направиле обид да избегаат од универзитетот. Бранови студенти бегале трчајќи среде облаци од солзавец. Слики во живо покажуваат како полицијата ги гони, од кои некои биле раскрвавени. Опсадата трае веќе втор ден. Судирите создадоа стравување дека опсадата ќе заврши смртоносно.

Не е јасно колку од студентите успеале да избегаат и колку биле уапсени.

XS
SM
MD
LG