Американските законодавци кои спроведуваат истрага за претседателот Доналд Трамп се подготвени за втората недела на сослушување на клучни сведоци кои треба да дадат искази за тоа како Трамп вршел притисок врз Украина да истражува за еден од главните предизвикувачи од Демократската партија за изборите во 2020, поранешниот потпретседател Џо Бајден, додека ја држел воената помош што Киев ја очекувал.
Осуммина сегашни и поранешни владини официјални лица ќе се појават пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом за сесија што ќе биде пренесувана на националната телевизија , меѓу кои централна фигура е Гордон Сонланд, Амбасадор на САД во ЕУ, кој треба да се појави во среда.
Сондланд дал милион долари на кампањата на Трамп пред да биде назначен за местото во Брисел. На распит зад затворени врати тој кажал дека предупредил советник на украинскиот претседател, Владимир Зеленски, на почеток от на септември, дека нема да ја добие помошта од САД доколку киевскиот лидер јавно не реши да отвори истрага за Бајден.
Во вторник, пред Комисијата ќе биде сослушaна Џенифер Вилијамс, помошничка за надворешни работи на потпретседателот Мајк Пенс, како и потполковникот Александар Виндман, директор за европски прашања во Националниот совет за безбедност.