Линкови за пристапност

Во среда започнува јавниот распит за импичмент


Ова е четврти пат во историјата на САД да биде отворена истрага за импичмент на претседател

Членовите на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом ги прават последните подготовки за јавното сослушување во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Утрешните сведоци го вклучуваат Вилијам Тејлор, шеф на американската дипломатска мисија во Украина, и Џорџ Кент, заменик помошник секретар во Бирото за Европа и Евроазија.

Обајцата се меѓу сегашни и поранешни дипломати и претставници на националното обезбедување кои изминативе недели сведочеле зад затворени врати.

Комисиите на Претставничкиот дом го објавиле транскриптот од тие сослушувања каде официјалните лица детално опишуваат како Трамп и неговите соработници вршеле притисок врз Украина да започнат истрага за поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, во врска со работата на синот, Хантер Бајден за украинска компанија за природен гас. Џо Бајден е еден од потенцијалните ривали на Трамп во изборите 2020.

Трамп вчера ја критикуваше истрагата како „едностран лов на вештерки“ и рече дека ќе го објави транскриптот од неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски во април.

Истрагата за импичмент почна од жалба поднесена од анонимен свиркач кој кажа дека гледа проблем со барањето на Трамп, Зеленски да води истрага за Бајден, бидејќи изгледа како претседателот да бара помош од странска влада за националните избори следната година.

Ова е четврти пат во историјата на САД да биде отворена истрага за импичмент на претседател. Претходно двајца претседатели, Ендру Џонсон во средината на 19-от век и Бил Клинтон пред две децении, беа отповикани, но ве судење пред Сенатот ослободени, додека трет претседател, Ричард Никсон, даде оставка пред речиси сигурен импичмент во 1970-те.

XS
SM
MD
LG