Линкови за пристапност

Сасоли: Членките на ЕУ кои имаа резерви се преиспитуваат, државата е подготвена за преговори


„Среќен сум што европскиот дух не е скршен во оваа земја. Заедно ќе ги надминеме сите пречки и ќе преминеме кон отворање на преговори за членство“, напиша претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли на социјалната мрежа „Твитер“ по средбата со премиерот Зоран Заев.

СКОПЈЕ - На заедничката прес конференција Сасоли кажа дека на последниот Совет на ЕУ имало приговори од три земји членки на ЕУ идека во суштина немало „Не“ за датум, немало негирање на прашањето за започнување преговори, но имало еден вид условување, дека нешто повеќе треба да се стори. Тој додаде дека сега тие земји членки се во фаза на предомислување и ги разгледуваат одлуките што ги донеле. Тој нагласи дека на Советот на Еу немало ниту едно изрично „Не“но биле поставени услови дека треба да се стори нешто повеќе.

„ Ние сме убедени дека овој процес може и да запре, тоа е нашиот страв, и верувам дека некои нивни причини што беа изложени треба да се разгледаат исто така верувам дека тие приговори на трите членки може да бидат надминати“, рече Сасоли и повтори оти имало само одлагање на одлуката, а не нејзино одбивање.

Претседателот на Европскиот парламент смета дека приговорите не смеат да го блокираат процесот на проширување и доаде дека се надева дека Македонијаќе ги почне преговорите наредната година.

„Ние знаеме дека прашањето ќе биде покренато пред Европскиот совет во мај. Следи самитот во Загреб и низа средби, така што ние сме посветени на овој процес, којшто јас се надевам, како што и сите дека ќе се заврши и заклучи на просперитетен и позитивен начин. Сакам да повторам дека земјите кои искажаа воздржаност и резерва во однос на одлуката сега се во фаза на проценка и разгледување на нивната одлука. Ова е момент којшто говори за голем оптимизам и доверба“, рече Сасоли.

Тој сепак не даде конкретен одговор дали напредокот на Македонија и индивидуалните заслуги на земјата може да се разгледуваат одделно од оние на Албанија.

Премиерот Заев пак кажа дека Македонија мора да продолжи со реформите, нагалсувајќи ги оние што се однесуваат на владеењето на правото, и дека одлукаѕа во Брисел им оди во прилог на евроскептиците.

„Веруваме во вредностите на ЕУ и веруваме дека вратата за нас ќе биде отворена наскоро. Претстојните дискусии во ЕУ со огромен консензус за проширување, заедно со промена на методологијата, особено со Франција и со ЕУ институциите да работиме на концепт кој ќе ги задоволи интересите на сите. Тој процес подразбира построг надзор, подготвени сме за тоа и сакаме да учествуваме во тоа, и да не се доведува во тоа прашање“, рече премиеротЗаев.

Македонија е првата држава на агендата на претседателот на Европскиот праламнет а во рамките на посетата на тој ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG