Линкови за пристапност

Свиркачот се согласил да одговори писмено


Адвокатот на свиркачот чија загриженост за телефонскиот разговор меѓу Претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Украина ја иницираше истрагата за импичмент вели дека неговиот клиент е подготвен да одговори писмено на прашања од републиканците.

Конгресменот Џим Џордан, републиканец кој претседава со Комисијата за надзор на Претставничкиот дом , се противи на процесот велејќи дека одговори на писмено нема да дозволат испитување на лицето. „оИмаме сериозни прашања за партиската мотивација и се чини дека адвокатот сака да ги скрие фактите од јавноста“, рече тој.

Има закони кои во САД ги штитат владините свиркачи. Сепак, претседателот во неделата побара овој свиркач да биде откриен, зашто, како што вели „Толку е погрешно тоа што се тврди, што мора да биде откриен идентитетот“.

XS
SM
MD
LG