Линкови за пристапност

Бразил вели грчки брод ги загадил нивните плажи со нафта


Бразилската влада вели дека нафтен танкер што пловел под грчко знаме е виновен за голем излив на нафта што се проширил на повеќе од 200 плажи на брегот на државата.

Дамки од нафта можеле да се забележат последниве три месеци во близина на североисточниот брег на Бразил загадувајќи ги прославените плажи по должина на област од 2.000 километри.

Стручни екипи и доброволци чистат тони нафта од плажите.

Бразилските власти го идентификувале танкерот Бубулина, што презел нафта од Венецуела на 19 јули и отпловил за Малезија.

„Делта танкери“, со седиште во Атина, под чиј менаџмент бил танкерот, вели дека камерите и сензорите на бродот не покажале дека бродот пропуштал нафта за време на патувањето.

XS
SM
MD
LG