СКОПЈЕ – „ Доаѓам веднаш по ратификацијата на протоколот за НАТО членство од американскиот Сенат. Ова е најповолно време да се биде тука, исто така, по неодамнешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео. Доаѓам со цел уште еднаш да ја потврдам и зајакнам силната американска поддршка за Северна Македонија и за нејзиниот европски пат и перспектива“, речеПалмер.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пак кажа дека треба да бидеме упорни и да ги решиме сите клучни барања и сулови како Законот за јавно обвинителство.
„ Зборувавме за извесното членство во НАТО и за тоа колку е важно да се отвори европското поглавје, за македонските интереси и за интересите на Вашингтон. Еднаш паднавме во замката на жртвата и разочарувањето во 2008 година и мислам дека нема тоа далеку да не одведе доколку пак паднеме. Треба да бидеме упорни и да го тргнеме и последното оправдување, тоа е законот за Јавното обвинителство. Да излеземе уште поподготвени и поупорнии да најдеме начин како заеднички да се остварат и нашите интереси и оние на земјите-членки. Ова е дел од Европа и не може Европа да остане успешна и цврста ако регионот остане ранлив“, рече министерот Димитров по средбата.
На средбата со вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, се разговарало околу членството во НАТО кое наскоро ќе биде потврдено.
„Ратификацијата во Сенатот на САД и посетата на американскиот државен секретар Помпео се силен доказ за стратешкото партнерство и поддршката од САД за Северна Македонија. Недонесувањето на одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори не ја менува нашата одлука – да работиме на остварувањето на нашите стратешки цели – членството во Европската Унија и НАТО“, рече министерката Шекеринска, по средбата.
Шекеринска и Палмер заклучиле дека дека соработката во одбраната меѓу Македонија и САД е на највисоко ниво и со членството на нашата држава во НАТО таа ќе се зајакнува.
На средбата со претседателот Стево Пендаровски пак се разговараше за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.
Претседателот Пендаровски истакна дека одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи следната година, како и очекуваното скорешно зачленување на Северна Македонија во НАТО алијансата, ќе даде дополнителен импулс за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете пријателски држави.
Тој се заблагодари за ратификацијата на Пристапниот протокол за членство во НАТО во американскиот Сенат и изрази уверување дека ќе продолжи безрезервната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Северна Македонија.
Од кабинетот на претседателот соопштија дека на високиот претставник на САД му било истакнато дека за земјите од Западен Балкан не постојат други алтернативи, освен членство во Европската Унија.
По Македонија, високито претставник на САД ќе ги посети Србија, Косово и Грција.
Facebook Forum