Линкови за пристапност

Со оружје, платеници и минерали – Русија навлегува во Африка


Путин на 23 и 24 овој месец ги собира африканските лидери на Самит во Сочи. Се очекува да присуствуваат политичари и бизнисмени од четириесетина африкански земји

Русија во последните години е сè повеќе присутна на африканскиот континент. Руски официјални лица признаа дека значајни Руси биле во авионот „Антонов“ што минатата недела се урна во Конго. Се појавија извештаи и за загинати руски борци во граѓанската војна во Либија. Во исто време Русија троши, инвестира и склучува договори низ цела Африка.

Сепак, неделава рускиот интерес за Африка ќе се покаже во целосно светло. Претседателот Владимир Путин ќе биде домаќин на африкански лидери во одморалиштето Сочи, каде на 23 и 24 октомври ќе се одржи дводневен самит. Тоа воедно ќе биде прв поголем собир на лидери од Африка после падот на Советскиот сојуз во 1991 година.

Самитот ќе се одржи во олимпискиот парк во Сочи, кој беше изграден специјално за Зимските олимписки игри во 2014 година.

Според официјалните лица од Кремљ, собирот ќе биде знак дека Русија се враќа на африканскиот континент, како и дека земјата веќе не е нефункционална светска сила.

Портпаролот на Путин, Дмитри Песков пред новинарите минатата недела изјави дека „Русија има што да им понуди на африканските земји“.

Русија има историја во Африка

Руското присуство на континентот беше претежно незабележително после падот на Советскиот сојуз. Дезориентираниот фокус на Русија беше свртен кон внатрешните проблеми. Но, од неодамна тој повторно се сврти кон надвор, со обнова на старите контакти и отворање нови врски.

Според Пол Стронски, аналитичар од Карнеги Ендаумент, Советите во минатото им давале голема поддршка на националните либерални движења во Ангола и Мозамбик.

Во времето на Советската ера голем дел од африканските политички и воени лидери се образувале во Русија. Тројца од актуелните политички лидери во Африка, своите дипломи ги стекнале или во Русија или во некоја од земјите на поранешниот Варшавски пакт.

На Самитот во Сочи се очекува масовно присуство политичари и бизнисмени од четириесетина африкански земји. Меѓу нив ќе бидат лидери од поранешните клиенти на Советскиот сојуз, како што се Ангола и Етиопија, каде Русија инвестира во индустријата со дијаманти. Ќе има претставници и од Нигерија, земја во која руските инвестиции се фокусирани во полето на нафтата и гасот. Ниту една од тие земји немала блиски односи со Русија во екот на студената војна.

Русија е активна во Африка, но и натаму е зад другите

Според руското министерство за надворешни работи, во изминатата декада трговската размена со африканските земји пораснала за 350 проценти. Руските компании се вклучени во повеќе големи проекти на континентот – вклучувајќи ја изградбата и на првата нуклеарна централа во Египет, како и експлоатацијата на наоѓалишта за минерали во Зимбабве како дел од договорот „Оружје за платиниум“, вреден три милијарди долари.

Официјален Кремљ и рускиот бизнис сектор се надеваат дека конференцијата во Сочи ќе донесе до зголемена продажба на оружје кон африканските земји, како и изградба на повеќе нуклеарни централи. Очекувањата се дека на маргините на самитот, ќе бидат склучени и повеќе договори за трговија на горива и минерали. Целта е да се зголеми трговската размена меѓу Русија и Африка, која денес изнесува 20 милијарди долари, достигнати лани на годишно ниво. Тоа е половина од трговијата што африканскиот континент ја остварува со Франција и десет пати помалку од трговската размена на Кина со африканските земји. Целосната трговска размена меѓу ЕУ и Африка, пак, изнесува повеќе од 300 милијарди долари долари годишно.

Безбедносни и политички договори

Самиот доаѓа во време кога економскиот растеж на Русија стагнира, како последица на пет години под санкции од Запад, како и заради ниските цени на бензинот. На Русија и` требаат нови трговски партнери. Но бизнисот и политиката се чини дека одат рака под рака во руските односи со Африка и голем акцент се става на безбедноста и продажбата на оружје.

Кога претставници на Кремљ зборуваат за ангажманот во Африка, геополитиката е подеднакво во преден план како и трговските договори. Последниве пет години Русија склучи 23 договори за соработка во областа на обезбедувањето со африкански влади и, според стокхолмскиот Институт за мировни истражувања(SIPRI), сега Русија е најголем снабдувач на оружје за континентот.

Аналитичарите Тим Стенли и Барнаби Флечер од Контролиран ризик, глобална консултатска фирма за ризик, велат дека Русија влегува во процепот што го оставија отворен западните влади кои се грижат за негативни реакции од електоратот во нивните држави.Безбедносната експертиза е понуда, што вклучува руски армиски договорни фирми и специјалисти за дезинформација за да помогнат да се поткренат влади кои се неуспешни или корумпирани.

Во Гвинеја, каде полицијата минатата недела застрела деветмина продемократски протестанти, руски дипломати ги помагаа напорите на репресивниот претседател на државата, Алфа Конде, да го промени уставот, што би му овозможило да служи и трет мандат. Руската компанија за алуминиум Русал третина од потребната руди што им е потребна ја набавува од Гвинеја.

Едвард Лукас, автор на „Новата студена војна: Путинова Русија и заканата за Запад“ вели дека „руските политички технолози нудат експертски совет на сите аспекти за лажирање избори, од поткуп до пропаганда и кибернетски напади“.

Како и Кина, Русија има компетитивна предност пред Западот - руската продажба на оружје не оди во пакет со условување за почитување на човековите права или со барања за подобрување на начинот на владеење.

Армискиот договорен соработник Евгениј Пригожин, олигарх познат по прекарот „Готвачот на Путин“ заради неговите лукративни договори за доставување храна со Кремљ, е многу видлив на континентот, како и неговата компанија Група Вагнер која снабдува дваесетина или повеќе контракторски компании, се верува дека бил убиен во воздушните напади минатиот месец во Либија.

Групата Вагнер исто така ги снабдуваше трупите, многу од кои се ветерани од борбите во Сирија и Украина, за да и` помогне на Централноафриканската Република да го угуши бунтовништвото. И владите на Буркина Фасо, Чад, Мали, Мавританија и Нигер наводно бараат од Москва воена помош за поразување на бунтовништвото.

Според истрагата на независниот весник Новаја газета, приватниот авион на Пригожин слетал во Бејрут 48 пати во изминатите две години на патувања кои го носеле до африкански држави како крајна дестинација. Кога се појавија вестите за авионската несреќа во Конго минатата недела на рускиот карго авион Антонов Ан-72 веднаш се појавија и шпекулации за смртта на Пригожин, но излезе дека тоа не е точно.

Обновениот интерес на Русија за Африка - аларм за Запад

На посета на Ангола порано годинава, американскиот заменик државен секретар Џон Саливен, кажа: „Русија често користи присила, корупција и тајни средства за влијание на суверени држави вклучувајќи и безбедносни и економски партнерства. Некои западни претставници се загрижени дека Кремљ ќе искористи политичко и економско влијание на континентот да обезбеди африканските држави да гласаат заедно со Русија во ОН и во други меѓународни тела.

Но стравувањето на Запад може да е претерано, вели Пол Стронски од Фондацијата Карнеги, тинк-тенк со седиште во Вашингтон. Во неодамнешен коментартој го постави прашањето дали Русија може да направи центар на моќ во Африка, и сугерираше дека се работи за многу симбулизам, а малку супстанца - за да го нервира Запад. Африканското реангажирање во Африка е пример за тоа како може да се води надворешна политика евтино, и да се креира впечаток за големи придобивки“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG