Линкови за пристапност

Премиерот Заев побара брзи предвремени избори


Предлогот ќе биде ставен на маса на утрешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски. Лидерот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ подготвен да прифати. ДУИ исто така се подготвени за предвремени избори

СКОПЈЕ - Премиерот Зоран Заев денеска и се обрати на јавноста по неуспехот во Брисел и ја фрли ракавицата - предвремени избори како единствена опција да се надмине евентуалната криза во државата.

„ Организирање брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја. И токму ова ќе биде мојот предлог на утрешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски. Организирање избори најбрзо што може, за граѓаните да кажат по кој пат да одиме натаму“, рече премиерот Заев.

Ова е предлогот кој утре тој ќе го стави на маса на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски на која ќе присуствуваат лидерите на ВМРО - ДПМНЕ - Христијан Мицкоски, ДУИ - Али Ахмети, Алијанса за Албанците - Зијадин Сеља, Алтернатива - Африм Гаши и „БЕСА“- Билал Касами.

„Јас сум подготвен. Мојата партија е подготвена. Мојот тим е подготвен.Ние не паѓаме со духот и не се откажуваме поради одредено разочарување. Ние не се предаваме. Ќе се бориме храбро и пркосно. Јас немам право да престанамн да се борам, се борам рамо до рамо со вас зашто и вие се борите.Подготвен сум за нов, целосен, јасен и чист мандат доверен од граѓаните“, нагласи Заев.

Тој потврди дека деновиве, по неуспхот во Брисел, размислувал за оставка.

За тоа дали и кога ќе се одржат изборите треба да некаква појасна слика по утрешната средба. Прв прифатлив термин е март идната година. Премиеротдодаде дека ќе се почитува Пржинскиот принцип, ќе даде оставка на сто дена пред изборите и ќе се формира техничка Влада. Тој е убеден дека реформите ќе продолжат како и исполнувањето на Преспанскиот договор без разлика на текот на настаните.

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, меѓу редови ја прифати понудата за предвремени избори.

„ Да почекаме до утрешниот ден да видиме да не се премисли Заев затоа што знаете таму работите се менуваат преку ден, преку ноќ, преку секој час така што да почекаме до утрешниот ден до лидерската средба да го слушнеме предлогот на Зоран Заев да видиме што мислеше под тоа кога кажа предвремени парламентарни, брзи предвремени парламентарни избори за да можеме потоа да дадеме одговор, да видиме дали продолжува да манипулира со граѓаните и сака да ги крши законите или ќе дозволи еден фер изборен процес за да можат граѓаните да го дадат својот суд дали навистина блескаме или ќе го блесне судот на народот него и СДСМ“, рече Мицкоски и додаде дека со ова се потврдиле неговите тврдења за погрешните потези и начин на кој колацијата СДСМ - ДУИ ја води државата

ДУИ исто така се подготвени за предвремени избори.

„ Мислам дека најдоброто решение за нашата земја е да се оди на вонредни избори. Јас би сакал да не побараме вина, бидејки е неприфатливо да се признае неправедна вина. Вината не се наоѓа кај земјите аспиранти, и најдоброто решеније е да се направи нова понуда на граѓаните. Но не треба да се изгуби вербата кај единствената алтернатива ЕУ. Сосема е разумно за граѓаните да дадат проценка, да одлучат дали овие направени политики досега, се здрави и правни или не. Ние како ДУИ, како тело, треба да бидеме спремни“, рече Али Ахмети.

Околу неуспехот во Брисел, премиерот Заев кажа дека ја прифаќа одговорноста и додаде дека станува збор за „историска грешка“ на ЕУ и им се заблагодари на мозинството европски лидери за нивната поддршка.

„ Пред два дена во Брисел ни беше направена голема неправда. Европската Унија не го испорача тоа што ни го вети. Ние ги завршивме сите наши обврски. Испорачавме резултати во реформите, ги решивме споровите со соседите. А тие не си останаа на зборот и не испорачаа. Тоа што Европската Унија не успеа да донесе одлука за отворање преговори со нас е нивна ИСТОРИСКА ГРЕШКА, и тоа го потврдија сите европски лидери. Но, факт е дека ние сме жртви на историска грешка на ЕУ и тоа кај сите нас предизвикува огромна огорченост. И јас сум разочаран и лут, и знам дека целиот наш народ така се чувствува. Затоа, гневот и тежината на граѓаните ги чувствувам како уште една лузна“, кажа Заев.

Според премиерот одлуката на ЕУ се должи на внатрешни проблеми на кои Македонија не може да влијае.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG