Линкови за пристапност

Истрагата за „Рекет“ се проширува, осомничени уште пет лица повразни со „Меѓународен сојуз“


Обвнителството сомничи еден од двајцата функционери од СДСМ кои беа повикани на распит во текот на истрагата.

СКОПЈЕ - Пет лица и една фирма се на списокот осомничени во рамките на истрагата за случајот „Рекет“, која се однесува на финансиското работење на невладината на Бојан Јовановски - „Меѓународен сојуз“.

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, најави дека осомниечните денеска ќе бидат приведени, а Обвинитслтвото односно Рускоска бара притвор за едно лице.

Осомничените се отварат за перење пари и измама.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „Измама“ предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со член 45 и кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело “ по член 273 став 1 од Кривичниот законик. Останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „Измама“ по член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 24, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „Перење пари и други приноси од казниво дело “ по член 273 став 1 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Правното лице се сомничи дека сторило кривично дело „Измама“ по член 247 став 8 во врска со став 4, врска со став 1 од Кривичниот законик“, стои во соопштението од Обвинителството.

Според официјалните информации од обвинителството, меѓу осомничените е еден од двајцата функционери од СДСМ кои беа повиканби на распит во текот на истрагата.

„Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, појаснуваат од Обвинителството.

Во истрагата е утврдено дека Јовановски во текот на 2017 и 2018 година ги измамил двајцата бизнисмени, Сиљан Мицевски и Ардијан Амзоски, од кои зел 730 одно 230 илјади евра. Останатите осомничени му помагале на Јовановски изготвувајќи договори и подигајќи ги уплатените пари кои потоа ги уплаќале нба сметки на други фирми како позајмици или донации со цел да се сокрие трагата.
Утре или најдоцна во петок шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, ќе го поднесе обвиниението за случајот „Рекет“.
Првоосомничен е Бојан Јовановски - „Боки 13“, Зоран Милевски - Кичеец и екс шефот на СЈО, Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во пртивор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG