Линкови за пристапност

Бојан Јовановски – „Боки 13“ колабираше на распит во Обвинителството


Јовановски е пренесен во болница со возило на Итна Помош. Катица Јанева нема да зборува пред Рускоска и ќе се брани со молчење. Својот исказ и одбрана ќе ги даде во текот на судскиот процес. Обвинителен акт за „Рекет“ можно е да биде поднесен во текот на оваа недела

СКОПЈЕ – Бојан Јовановски – „Боки 13“, првоосомничен во случајот „Рекет“ колабираше во зградата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде што денеска требаше да го даде долгоочекуваниот искази одбрана пред Вилма Рускоска и нејзиниот тим.

Дваесетина минути откако тој беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, пред зградата на Обвинителството дојде возило на Итна Помош а Јовановски со количка беше изнесени пренсен во болница.

Неговиот бранител, адвокатот Сашо Дуковски, рече дека Јовановски воопшто не дал исказ бидејќи веднаш почнал да повраќа, изгубил свест и извесно време не бил контактибилен.

„Навистина непријатна и мачна сцена. Почна да повраќа и колабираше. Ова се случува веќе 50 дена откако е притворен. Најмалку 20 пати досега беше однесен во болница“, изјави Дуковски.

Околу евентуалната можност тој да биде хоспитализиранм а притворот заменет со куќе, Дукоски смета дека тоа е одлука која треба да ја донесе судот.

„ Обвинителството и јас не сме лекари. Она што го видовме не беше воопшто пријатнио. Секој Човек заслужува и Уставот гарантира право на живот. Јас сметам дека секому мора да се даде адекватна медицинска нега, без разлика што сторил“, додаде Дуковски.

Тој веќе поднесе барање, поткрепено со медицинска документација, за трансфер на Јовановски во болница, но Апелација минатата недела го одби.

Според документацијата, првоосомничениот Јовановски има сериозно влошено здравје поради компликации по извршена операција на желудник, пред неговото притварање.

Денеска, адвокатскиот тим на Јанева, соопште дека таа нема да даде исказ во рамките на истрагата и дека тоа ќе го стори во текот на судскиот процес. Таа побара притворот да и биде заменет со куќен а како гаранција дека нема да бега понуди три стана.

Ова значи дека Обвинителството веќе може да почне да го пишува обвинителниот акт без исказите на Јовановски и Јанева. Во него ќе го има само исказот на второт осомничениот Зоран Милевски – КИчеец која се наоѓа во куќен притвор. Неофицијално, обвинението може да биде поднесено до крајот на оваа недела.

Официјално, делот од истрагата во случајот „Рекет“ која се однесува на рекетирањето на бизнисенот Орце Камчев, е завршена на 23 септември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG