Линкови за пристапност

Тројца научници ќе ја поделат Нобеловата награда за физика за откритија за вселената


Нивните сознанија имаат придонес во разбирањето на еволуцијата на универзумот и местото на Земјата во вселената

Тројца научници ја добија Нобеловата награда за физика за нивниот придонес во разбирањето на еволуцијата на универзумот и местото на Земјата во вселената.

Наградата од 918.000 долари ќе ја поделат Американецот Џејмс Пиблс, кој развил рамка што ја содржи основата за современите идеи за универзумот, и астрофизичарите Мишел Мајор и Дидје Келоз, кои во 1995 година ја откриле првата планета надвор од Сончевиот систем, таканаречена егзопланета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG