Линкови за пристапност

Калифорниските студенти спортисти ќе добиваат пари за натпреварувањата


Гувернерот на Калифорнија потпиша закон со кој првпат студентите од спортските колеџ-тимови ќе можат да ангажираат агенти што би преговарале за нивните цени

Студентите во Калифорнија ќе можат да ангажираат агенти што би преговарале за цени за нивниот ангажман. Ова се овозможува со новиот закон што го потпиша гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом. Тоа е прва одредба од ваков вид во САД.

Гувернерот истакна дека се надева оти со новиот закон ќе се поттикнат и другите сојузни држави до донесат слични правила, со што би се подобрила ситуацијата во универзитетскиот спорт и студентите би се доближиле до професионалците.

Сепак, на легислативата остро се спротивстави Националната колеџ асоцијација за спортови, која ги регулира студентите спортисти на повеќето главни колеџи во САД.

Асоцијацијата тврдеше дека законот ќе ја избрише границата меѓу спортистите студенти и професионалните спортисти и дека негативно ќе влијае врз повеќе од 24.000 студенти во Калифорнија.

Студентите кои се дел од тимовите на колеџите често како понуди добиваат високи стипендии, но Асоцијацијата на спортови не им дозволува да бидат и платени за спортските ангажмани.

Новата легислатива нема да стапи на сила до 2023 година.

XS
SM
MD
LG