Линкови за пристапност

Јужнокорејски медиуми: Ким Џонг Ун го поканил Доналд Трамп на самит во Пјонгјанг


Властите во Јужна Кореја известија дека не можат да го потврдат постоењето на писмото со кое лидерот на Северна Кореја наводно го поканил претседателот на САД

Разговорите за денуклеаризација можат да продолжат, но само доколку бидат посочени и отстранети заканите кон безбедноста на земјата и пречките за нејзиниот развој. Овие коментари денеска дојдоа од министерството за надворешни работи на Северна Кореја, во пресрет на евентуалните нови разговори за меѓу претставници од САД и Пјонгјанг.

Во изјавата од министерството, што ја пренесе државната новинска агенција на Северна Кореја, се вели дека се очекува преговорите да се одржат за неколку недели.

Во меѓувреме, јужнокорејски весник објави дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун гo поканил претседателот на САД, Доналд Трамп, на самит во Пјонгјанг. Во објавата, која е според анонимни извори, се вели дека поканата била доставена преку писмо. Сепак од претседателскиот кабинет и од министерството за надворешни работи на Јужна Кореја известија дека не можат да го потврдат дека евентуално постои такво писмо.

После пауза од 18 месеци, Северна Кореја во мај продолжи да врши лансирање и тестирања на проектили со краток дострел. Трамп не им даде значење на овие лансирања, оценувајќи дека проектилите со кус дострел не претставуваат закана.

XS
SM
MD
LG