Линкови за пристапност

Пред Конгресот долга агенда, малку време


Само 13 работни дена има за усвојување на буџетот, но законодавците имаат и други важни приоритети

Американските законодавци неделава се вратија на работа во Конгресот со агенда полна со спорни прашања и само 41 работен ден до крајот на годината за да ги решат.

Пред летната пауза, Претставничкиот дом контролиран од демократите донесе 10 од 12-те закони за годишни трошоци со кои се одобруваат средства за владини сегменти и се финансираат програмите за одбрана и социјални услуги.


Членовите на американскиот Сенат и на Претставничкиот дом изминатите шест седмици беа на одмор, за дел од тоа време да го минат со нивните избирачи и за патувања за дознавање факти по одредени прашања.

Еве што е на листата на законодавците во пресрет на претседателските и конгресните избори во 2020 година:

Буџет

Остануваат уште само 13 работни дена за да донесување на законите кои ги регулираат трошоците. На 30 септември, истекува владиното финансирање кога е крајот на тековната фискална година.

Пред летната пауза, Претставничкиот дом контролиран од демократите донесе 10 од 12-те закони за годишни трошоци со кои се одобруваат средства за владини сегменти и се финансираат програмите за одбрана и социјални услуги.

Сенатот уште не започнал да работи на својата верзија на законите.

Во случај и двата дома да успеат да ги одобрат сите 12 законски текстови, членовите на Претставничкиот дом и сенаторите треба да ги надминат разликите пред да испратат заедничка верзија во Белата куќа за потпис од претседателот со што би влегле во сила.

Многу е веројатно дека ќе биде потребно да се донесе акт за краткорочно продолжување на финансирањето за владата да остане отворена додека не се испеглаат сите разлики.

Ниту републиканците ниту демократите не сакаат затворање на владата во пресрет на избори.

Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, Стени Хојер, изјави дека краткорочната континуирана резолуција „ќе трае не повеќе од 60 дена“, што значи дека - исто како и во 2018 година, Конгресот ќе влезе во битка за буџетот на крајот на годината.

Контрола на оружјето

За време на летната пауза на Конгресот, нацијата беше потресена од три големи масовни напади со огнено оружје, во Тексас и во Охајо. Ова ги обнови повиците за законодавна акција за контрола на оружјето.

Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и лидерот на малцинството, Чак Шумер, безуспешно го повикаа лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонел, да го свика Сенатот да заседава во август.

Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом планира оваа седмица да работи на изготвување нова легислатива за контрола на оружјето, со која, меѓу другото, ќе се забрани продажбата на шаржери за муниција со голем капацитет.

Но, не е многу јасно каде стои претседателот Доналд Трамп по прашањето.

Тој првично објави порака на Твитер велејќи дека огненото оружје треба да се држи настрана од ментално болни луѓе, а подоцна ги критикуваше законите за оружје кои се „лизгави“, односно можат да се толкуваат во спротивност на Вториот амандман, за слобода на носење оружје.

Без поддршка од претседателот републиканците нема да влезат во ризична битка за нова легислатива по прашањето.

Импичмент

Претставничкиот дом со мнозинство демократи не се откажува од иницијативата за отповикување на претседателот.

До денес, 137 од 235 Демократи во Претставничкиот дом и Конгресменот Џастин Амаш, единствен независен,поддржуваат импичмент.

Но, демократите знаат дека такво гласање нема да има без правосилни пресуди за случаите по кои се води истрага, за финансиите на Трамп и односите со странски елементи.

Дополнителни прашања

Законодавците би можеле да го разгледуваат и ратификувањето на Договорот меѓу САД-Мексико-Канада – што е врвен приоритет на Трамп.

Во август Пелоси рече дека работната група на Претставничкиот дом разговарала со администрацијата на Трамп за потребата да се вклучат прашањата за заштита на животната средина, пониски трошоци за лекови на рецепт и посилни работни стандарди, пред договорот да се стави на гласање.

Сенатот, исто така, ќе гласа за резолуција од два дела, која ќе им овозможи на законодавците да бараат поголем надзор над администрацијата на Трамп во однос на продажбата на оружје на Саудиска Арабија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG