Линкови за пристапност

Ременски: Не сум присуствувала на состаноците на „Меѓународен сојуз“, мојата улога е церемонијална


Фросина Ременски два часа на распит во Јавното обвинителство
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:13 0:00

По денешниот распит, потпретседателката на Собранието кажа дека ако некој имал фотографија со Јовановски не значело и дека бил вмешан во криминал

Нема да можам да кажам што беше побарано од Јавното обвинителство да го дадам како одговор, бидејќи е во контекст на тајноста, изјави потпретседателката на Собранието и почесен претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“ Фросина Ременски, по повеќе од два часа распит во Обвинителството за организиран криминал, каде одговараше на прашањата на обвинителката Вилма Рускоска и нејзиниот тим поврзани со истрагата за случајот „Рекет“.

Ременски нагласи дека не дошла на распит во својство на сведок, туку како лице од кое се земаат одредени известувања

Објасни дека се познавала со осомничениот и притворен Бојан Јовановски, познат како „Боки 13“, но, оти не занела што точно се случувало во невладината организација, каде од јуни 2017 година е почесен претседател.

Рече дека нејзината титула била само церемонијална и оти не присуствувала на состаноците, на кои биле договарани спонзорствата за проектите кои сега се предмет на истрага.

„ За сите прашања поврзани со Меѓународниот сојуз, и за облигационите односи што тој има со лица и фирми, немам никакво лично присуство“, рече таа.

Не даде одговор ниту на прашањето дали можеби е злоупотребена во случајот, но, кажа дека ако некој имал заедничка фотографија со Јовановски не значело и дека бил вмешан во криминал.

„Ќе се воздржам од тие коментари и тие прашања и не сакам никого да ставам во контекст. Јас, и кој било спомнат, или пак кој има фотографии со Бојан Јовановски може да биде прашање на интерес на надлежни институции, меѓутоа не може и не смее да биде прашање на првична осуда или првичен заклучок“, изјави Ременски.

Околу односите со останатите осомничени во случајот „Рекет“, Ременски изјави дека не ги познавала Јанева и Милевски, и оти немала средби со Камчев.

Не сакаше да зборува за финансиското работење на невладината организација, ниту пак зошто не побарала увид во состојбата и проектите. Тоа го оправада со својата функција која ја оцени како церемонијална.

Опозициската ВМРО - ДПМНЕ и денеска со обвинувања околу истрагата за случајот „Рекет“, која според неа е компромитирана и девалвирана.

Од партијата излегоа и со директни прашања до Ременски за финансиското работење на „Меѓународен сојуз“.

„Изминативе две години логично е да се поднесени две завршни сметки за работата на Меѓународниот сојуз, за 2017 и 2018 година. Дали Фросина Ременски не знае и не учествувала во финансиските извештаи, каде што е почесен претседател, за што и како се потрошени извадени парите дадени од бизнисмените на `Меѓународен сојуз`? Просто невозможно и неверојатно да не знае и да не е запознаена“, изјави Димче Арсовски, портпарол на партијата.

Во досегашниот тек на истрагата, покрај Орце Камчев сослушани се и бизнисмените Силјан Мицевски и Зоран Азманов, како и Жарко Луковски, Лила Филиповска, притворенините Катица Јанева, Зоран Милевски - „Кичеец“, и обвинителите од СЈО Елизабета Јосфивоска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.

Засега нема најава кога на рапит ќе биде донесен Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG