СКОПЈЕ - Шефот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во оставка, Катица Јанева, која се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шутоа Оризари поради инволвираност во случајот „Рекет“ испратила писмена наредба до колегите обвинители во СЈО во која е наведено дека бара сите предмети да се достават до Јавното обвинителство.
Од СЈО потврвдија дека ја примиле наредбата, но без детали дали и како ќе постапат.
„Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите заавтономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“, стои во соопштението на СЈО.
Засега нема став од реубличкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Facebook Forum