Двајца американски законодавци кои соопштија дека Русија им забрани влез во земјата, велат дека сепак ќе бидат во состав на истата конгресна делегација која оди во земјата, но ќе ги посетат само Украина, Србија и Косово.
Сенаторот Крис Марфи (Демократ од Конектикат) на Твитер напиша порака дека „Русија нема да ни дозволи, но (сенаторот) Рон Џонсон (Републиканец од Висконсин) и јас ќе ги посетиме Украина, Србија и Косово оваа недела за да ја демонстрираме двопартиската поддршка на новата украинска влада и континуиран дијалогот меѓу Белград и Приштина.“
Рон Џонсон е ко-претседавач на украинската пратеничка група - група пратеници кои се состануваат за да ги следат заедничките законодавни цели.
Марфи и Џонсон, кои се гласни критичари на Кремљ, на крајот на август соопштија дека Русија одбила да им издаде визи за посета на државата.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите изјави дека на 28 август списокот е утврден како одговор на „неоснованите ограничувања на САД против значителен број членови на Советот на Федерацијата“, горниот дом на парламентот на Русија.
Марфи и Џонсон, кои се гласни критичари на Кремљ, на крајот на август соопштија дека Русија одбила да им издаде визи за посета на државата.
Марфи, кој е член на Комисијата за надворешни односи во Сенатот, рече дека овој потег е срамен и „дека Русија не е заинтересирана за дијалог“ во „потенцијално опасен момент за кревката врска на нашите два нации.“
Претходно Џонсон рече дека „патот што го избрал претседателот Владимир Путин за Русија е трагедија од историски размери“.
Руската амбасада во Вашингтон го нарече Џонсон „русофобичен“.
Односите меѓу Русија и САД се затегнати во врска со различни прашања, вклучително агресијата на Москва во Украина, нејзиното наводно мешање на претседателските избори во САД и вмешаноста во граѓанската војна во Сирија.
Facebook Forum