Линкови за пристапност

Силјан Мицевски и Лила Филиповска на распит за „Рекет“


Бизнисменот тврди дека парите ги уплатил на сметка на невладината на Боки 13 а не на пензионерката како што е запознаена јавноста. Засега нема најави кога Јовановски ќе биде донесен на распит во Обвинителството. Во Собранието откажана комисисјата седница за Законот за Обвинителство

СКОПЈЕ – Бизнисменот Силјан Мицевски, два часа во присуство на својот адвокат,како сведок даваше изјава во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Тој по втор пат одговараше на прашањата на обвинителката Рускоска а самиот нагласи дека е дошол да го дополни дадениот исказ. Мицевски е бизнисменот кој донирал 720 илјади евра на невладината организација „Меѓународен сојуз“ на притворениот Бојан Јовановски – „Боки 13“. Тој не даде прецизен одговор на која ги префрлил парите и нагласи дека немал средби со Јовановски ниту пак закани или уцени.

„Парите ги префрлив на банкарска сметка. Секако дека ќе си ги барам парите назад. Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите. Немав средби со него“, изјави Мицевски на новинарските прашања.

Пензионерката Лилјана Тодоровска пак за „Телма“ изјави дека парите од Мицевски биле префрлени на нејзина сметка и дека таа ги подигнала во кеш сите 720 илјади евра кои потоа и биле земени „ од женско лице во Меќународниот сојуз“.

За овој трансфер на пари Мицевски и Тодоровски беа испрашувани од Финансиската полиција.

Утрово во обвинителството дојде и водителката и блиска пријателка на Јовановски, Лила Филиповска. Распитот на Филиповска траеше околу еден час а потоа таа ја напушти згрдата без да даде изјава.

Од Обвинителството нема информации во кое својство е повикана Филиповска ниту пак кога ќе биде распитот на првоосомничениот Бојан Јованоски кој треба да биде донесен од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде издржува притвор заедно останатите осомничени во случајот рекет Зоран МИлевски и шефот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) – Катица Јанева.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ повторно со тврдења дека обвинителката Русоска ги штити политичарите кои се инволвирани во случајот и побараа предвремени парламентарни избори.

„ Еве веќе почнува и 5-тиот месец од истрагата за случајот „Рекет“, а дури сега почнаа да се викаат споредните соработници на Боки 13, а не нарачателите. Петтиот месец тече, а сеуште Вилма Русковска ги штити инволвираните политичари од власта и не ги повикува на распит да дадат исказ.Кога и дали планира Вилма Русковска да ги повика на распит Зоран Заев, Кики и Фрики, Шеки и сите останати од меѓународниот сојуз? Каде е торбата со пари која што беше земена од страна на Боки 13? “, изјави Димче Арсовски портпарол на партијата.

Денеска беше откажана седницата на Законодавно-правната комисија во Собранието каде требаше да се разгледува владиниот Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и статусот на СЈО. Претседателката на комисијата Соња Мираковска вели дека седницата била закажана заради почитување на роковите од собранискиот деловник, но Комисијата за европски прашања поднела нецелосен извештај за предлогот.
Од комисијата за европски прашања пак брифираа дека седница ќе се закаже кога ќе се постигне согласност за текстот на законот за јавно обвинителство.

Преговорите меѓу работните група на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ околу законот продолжуваат. Иако има извесно приближување во ставовите остануваат предметите на СЈО отворени по истекот на рокот- јуни 2017 година. Опозицијата достави педесетина амандмани а десет веќе беа прифатени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG