Линкови за пристапност

Претстојниот Самит Г7 ќе биде прв без официјален заклучок на крајот


Причина за тоа се несогласувањата на претседателот Трамп и другите лидери за клучните прашања, како Иран и климатските промени, рече Макрон

Најголемите светски демократии викендов се собираат на Самитот Г7 во Франција, на кој домаќин ќе биде францускиот претседател Емануел Макрон.

Аналитичарите сметаат дека лидерите на Самитот ќе треба да разговараат не само за економските проблеми, со кои во моментов се соочува светот, туку и за односот на американскиот претседател Доналд Трамп кон глобалните прашања и сојузниците.

Макрон изјави дека на крајот на средбата нема да има официјално соопштение, сугерирајќи дека причина за тоа се несогласувањата на претседателот Трамп и другите лидери за клучните прашања, како Иран и климатските промени.

Ова ќе биде прв Самит на Г7 кој ќе заврши без официјален заклучок.

Самитот почнува в сабота, и ќе трае три дена.

XS
SM
MD
LG