СКОПЈЕ - Шефицата во оставка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, дојде на распит за случајот „Рекет“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Пред обвинителката Вилма Рускоска ќе дава изјава во својство на сведок.
Дојде со службено возило а пред влезот во Обвинителството ја чекаше адвокатот Стеван Павлевски.
„Се надевам дека со моите аргументи и изјавата денеска ќе ја забрзам истрагата“, рече Јанева пред да влезе на распитот.
Досега изјави, исто така во својство на сведоци, пред тимот на Рускоска дадо колегите на Јанева од СЈО, обвинителите Елизабета Јосифовска, Бурим Рустеми и Лиле Стефанова која ја водеше истрагата за случајот „Империја“ како и шефот на нејзсиниот кабинет кои за разлика од Јанева сведочеа без адвокати.
Facebook Forum