Линкови за пристапност

Илинден - крик за обединување на нацијата


Слоганот за празникот оваа година е – СИТЕ СМЕ ДЕЦА НА ИЛИНДЕН

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски и претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците, Никола Стојановски, по повод државниот празник 2-ри Август – Денот на Републиката, се обратија на церемонијата што се одржа во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, јавуваат македонските медиуми.

Да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации, да ги здружиме сите наши знамиња и симболи, независно дали се етнички, верски, идеолошки, партиски или генерациски
Стево Пендаровски, претседател на РСМ

„Да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации, да ги здружиме сите наши знамиња и симболи, независно дали се етнички, верски, идеолошки, партиски или генерациски. Да се обединиме во еден единствен фронт за реализација на нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна европска држава – членка на НАТО и на Европската Унија“, изјави Пендаровски.

Илинденското востание е крик за обединување, а делбите не се патриотизам, истакна премиерот Зоран Заев, кој по повод националниот празник Илинден се обрати од Мечкин камен.

„Сите ние Македонци, Албанци, Срби, Роми, Бошнаци, Турци и сите други, сметаме дека е патриотска должност да се помириме и обединиме, а Мечкин камен треба да биде камен темелник на заедништво и разбирање, не на поделби и каменување“, рече премиерот Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двата Илиндена се обрати пред присутните во Ташмаруништа, во Струга.

„Првиот Илинден беше крик на поробениот народ, а вториот, во 44-та продолжение на првиот и кој значеше крунисување на нашата борба за своја Македонска држава. Илинден не е само Крушевското востание туку многу повеќе од тоа, воскрикот на Македонецот, на секоја педа македонска почва“, изјави Мицковски.

На прославата во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, учествуваше владина делегација во состав од Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и Благе Петровиќ, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

XS
SM
MD
LG