Линкови за пристапност

САД ја исклучија Турција од програмата Ф-35 заради купување на руска опрема


САД го прекинаа учеството на Турција во заедничката програма за борбени авиониФ-35. Ова дојде како одговор на купубањето на рускиот одбранбен систем С-400 од страна на Турција. Белата куќа соопшти дека прифаќањето на Турција на руската понуда е спротивна на нејзините преземени обврски спрема НАТО. Но, официјални лица исто така велат дека Турција останува важен стратешки партнер и дека безбедносната соработка ќе продолжи.

Според информации од Белата куќа првата пратка на С-400 пристигнала во Турција. Делови од рускиот одбранбен систем биле доставени до воена база во близина на главниот град, Анкара, со што договорот, на кој Вашингтон се противеше, бил затворен.

Претставници на Пентагон кажаа дека САД ја предупредиле членката на НАТО за последиците.

Турција финансиски придонесуваше на програмата Ф-35. Некои делови на авионите беа произведени во Турција, а турски пилоти беа во САД на обука за управување со овие авиони. Турција е членка на НАТО повеќе од шест децении. Но, државата почна да се оддалечува од западните сојузници од пропаднатиот пуч во 2016 против авторитарниот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој пуч доведе до апсење на стотици турски армиски офицери кои имаа тесни врски со НАТО партнерите.

XS
SM
MD
LG