Линкови за пристапност

Заев: Дали Јанева била употребена или злоупотребена?


Премиерот стои зад Катица Јанева за која смета дека се борела за правда во државата.

Премиерот Зоран Заев стои зад поранешниот шеф на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, и покрај шпекулациите за нејзината инволвираност во рекетирање на осомничен бизнисмен од кого се земени 1,5 милиони евра. Премиерот нагласи дека верува во правната држава и верува во пресумпцијата на невиност.

Говорејќи за одземениот телефон на Јанева, тој кажа дека смета оти тоа треба да покаже дали таа била користена или искористена, но и дека смета дека таа била користена од двоецот рекетари.

Премиерот апелираше до Обвинителството во овој случај да биде потранспарентно и да излезе со повеќе информации во јавноста поради комплексноста и лицата кои се евентуално инволвирани.

На денешниот прес тој демантираше дека контактирал со Јанева по нејзината оставка и непосредно пред одземањето на нејзиниот телефон, но и ја обвини опозицијата дека бара изговори да не се постигне согласлнот за СЈО, сега откако главната пречка за опозицијата - Катица Јанева, повеќе не е на функција.

Од Обвинителството за организиран криминал, кое ја води истрагата за рекетирањето, денеска нема нови детали.

За речиси четири години работа како шеф на СЈО, Јанева нема впечатливи резултати...

Трет ден по оставката, Јанева сеуште ја избегнува јавноста и со тоа само дополнително се подгреваат шпекулациите дека е внмешана во изнудата на 1,5 милиони евра од бизнисмен осомничен во случајот „Империја“.

Заев: Дали Јанева била употребена или злоупотребена?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Вчера тимот на СЈО, на прес конференција се дистанцираше од Јанева и соопшти дека постапките на поединец не можат да го дискредитираат целото Обвинителство и дека не треба да го нарушат неговиот интегритет.

За речиси четири години работа како шеф на СЈО, Јанева нема впечатливи резултати. Успеа да затвори само три предмети со осудителни пресуди, води судски процеси за дурги претанесет предмети и во моментот има отворено уште 19 истраги за кои нема поднесено обвинение.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG