Гласот на Америка разговараше со 13 годишниот Јован Стојанов и 10 годишниот Павел Николоски, на тема што ги засега децата во Македонија – важноста од чиста животна средина.
- Колку мислиш дека е важно животната средина да е чиста?
Павел: „Јас мислам дека е многу важно во природата да не фрламе отпадоци бидејќи можеме да си ја загадиме нашата околина.“
Јован: „Мене ми е многу важно да е чиста природата каде што играм, бидејќи можам да паднам на некој метал, срча.. и да се повредам.“
- Каков е квалитетот на воздухот?
Павел: „Јас мислам дека воздухот е почист во лето, а не во зима. За децата е важно да дишат чист воздух.“
Јован: „Сега во лето воздухот не е многу загаден, но во зима повеќето е загаден бидејќи луѓето повеќе се греат на дрва, има многу чад и тешко е за дишење.“
- Зошто е важно храната која ја конзумираат децата да биде здрава и чиста?
Павел: „Важно е за нас да јадеме чиста и здрава храна зашто така ќе бидеме здрави.“
Јован: „На училиште не учат како правилно да ја чистиме храната, бидејќи последица од нечиста храна се различни болести.“
- Од каде знаете за заштитата на животната средина?
Јован: „Во Македонија многу се разговара за тоа во училиштата. Знаеме дека треба да рециклираме. Имам учествувано и во еколошка акција во која ние учениците се организиравме за да го исчистиме дворот на училиштето од отпадоци.
Павел: „ Со родителите и со другарите разговараме за тоа. Многу деца не знаат да ја чуваат природата и не се грижат за тоа. Ние важно е да ја чуваме природата, бидејќи ако загадуваме ќе ја загадиме и нашата земја.“
Кампањата „Права на децата“ е поддржана од Азиско-Пацифичката Радиодифузна Унија и Гласот на Америка.
Facebook Forum