Линкови за пристапност

Конструктивноста на Ципрас не може да се очекува од друга политичка елита во Грција


Конструктивноста од Ципрас не може да се очекува од друга политичка елита во Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Реакции од Скопје, по изборот на новата грчка Влада

Тоа што Кирјакос Мицотакис го наследи Алексис Ципрас на премиерската позиција, а Нова Демократија ја замени Сириза како владејачка партија, не значи дека Преспанскиот договор е под закана, коментира дел од експертската јавност во Скопје.

Сепак, очекувани се можни искричења по смената на левичарот Ципрас со десничарот Мицотакис, кој дел од победата ја должи и на критиките дека претходната влада во Атина, со договорот од Преспа, премногу отстапила од грчките национални интереси.

„Во однос на Преспа не очекувам големи поместувања или торпедирања на Преспа, но, она што ги очекувам се некакви искричења во односите зашто, како што напишавме во еден документ со колега од Грција, Преспанскиот договор и неговите одредби се креативно двосмислени. Двете земји не можеле да се договорат за некои работи и ги оставиле да се толкуваат на различни начини. Очекувам мали искричења, битки, тешко е да се предвиди, може да дојде нова власт и кај нас“, изјави Љупчо Петковски од Центар за европски стратегии Евротинк.

Денеска со Мицотакис телефонски разговарал македонскиот премиер кој му честитал на победата. Според кабинетот на Заев, тој ги потврдил позициите дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија со кој ќе гради трајно пријателство, и изразил благодарност за поддршката што земјава ја добива од Грција, за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.

Иако го критикуваше, Мицотакис и високи функционери на неговата партија, во последните јавни настапи повторуваа дека Договорот од Преспа не може еднострано да се отфрли, што укажува на тоа дека Нова Демократија нема да ја „чепка“ историската спогодба која стави крај на деценискиот спор за името.

Прашањето е дали и колку тој ќе биде конструктивен во односите со земјава.

„Мислам дека конструктивноста што ја добивме од Ципрас кој стави голем влог во целата работа не може да ја очекуваме од друга политичка елита во Грција, но, она што не го напоменав е „да“ Мицотакис е победник, но, исто така забораваме дека Ципрас освои 10 проценти помалку гласови од претходните избори кога беше победник. Мислам дека со овие избори Сириза станува втората страна на медалјата на двопартизмот во Грција“, вели Петковски.

Релациите меѓу Атина и Скопје, во голем дел ќе зависат од тоа, кој ќе седне на министерското место во надворешни работи. Од листата, како најсериозни кандидати, грчките медиуми ги издвојуваат Маргаритис Схинас и Никос Дендиас.

Едниот долги години извршува разни функции во институциите на Унијата, додека другиот е долгогодишен член на Нова Демократија со министерски стаж во претходните влади. Клучно е дека и двајцата важат за умерени политичари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG