Линкови за пристапност

Се` уште не се знае дали прашањето за државјанство нема да биде дел од пописот


Трамп побарал од Одделите за трговија и правда да сторат се` што е неопходно ова важно прашање да биде вклучено во пописот во некаква форма

Американските федерални судови и сојузни држави, кои ја оспорија одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, прашањето за државјанство да биде вклучено во пописот во 2020 година, сега бараат Одделите за правда и трговија да објаснат зошто ја отфрлија претходната одлука државјанството да не биде дел од пописот.

Претседателот Трамп на Твитер напиша дека не е точна веста оти Одделот за трговија се откажал прашањето за државјанство да биде ставено во пописот.

Трамп рече дека побарал од Одделите за трговија и правда да сторат се` што е неопходно ова важно прашање да биде вклучено во пописот во некаква форма.

Во меѓувреме, Бирото за попис продолжи со печатење на прашалниците без прашањето за државјанство, и покрај тоа што администрацијата на Трамп и натаму ги разгледува опциите кои стојат на располагање.

Судијата, кој го надгледува процесот, наредидо утре администрацијата да објасни дали прашањето за државјанство ќе се најде во пописот, како и да достави објаснување до Судот како ќе биде испочитувана одлуката на Врховниот суд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG