Американската вселенска агенција НАСА рано утринава изведен успешен тест за спасување астронаути. Системот е дел од новиот вселенски модул Орион, а служи за заштита на астронаутите при проблематични лансирања.
Тестот беше спроведен на космодромот „Кејп Канаверал“ во Флорида.
Пробниот вселенски модел беше лансиран на височина од десет километри, кога беа предизвикани планирани силни турбуленции врз вселенското летало.
Системот автоматски се активираше, при што модулот наменет за транспорт на астронаутите се одвои од погонските ракети. Капсулата слета во Атлантскиот океан.
Според соопштението од НАСА, системот ќе може да го заштити екипажот и за време на најкритичните моменти во текот на лансирањето.
Орион е дел од новата вселенска програма на НАСА, наменета за подалечни вселенски истражувања.