Линкови за пристапност

Иран го надмина дозволениот лимит на збогатен ураниум


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повика Европа да воведе санкции кон Иран

Иран денес најави дека го надминала лимитот на дозволен збогатен ураниум согласно меѓународниот договор од 2015-та година.

Министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, за агенцијата ИСНА, изјави дека Иран го надминал лимитот од 300 килограми.

Обединетите нации потврдија дека дека Иран го надминал лимитот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека овој потег е значаен за производство на нуклеарно оружје, и ја повика Европа да воведе санкции кон Иран.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабаков рече дека овој потег предизвикува загриженост, но, оти не треба да се драматизира.

XS
SM
MD
LG