Линкови за пристапност

Протести во Хонг Конг за Денот на реунифицирањето со Кина


Протестите и полицијата за нивно сузбивање повторно во понеделник се на улиците во Хонг Конг, за одбележувањето на 22-рата годишнина од обединувањето на градот со Кина.

Илјадници го опкружија владиниот комплекс попладнето, кога мала група се обиде да влезе во легислатурата, додека полицијата чекаше внатре со спеј за одбрана.

Учесниците на протестите носеле чадори, очила за нуркање, маски и пластични обвивки на рацете и нозете за заштита на нивниот идентитет од полицијата и за заштита од спрејот додека се обидувале да упаднат низ вратите и со кршење на прозорците.

Насекаде низ градот маса луѓе марширала почнувајќи од 2:30 попладнето.

Иако протестите коинцидираа со годишнината на предавањето на Хонг Конг, тие беа иницирани од контроверзната легислатива што би дозволила криминална екстрадиција во Кина.

Во текот на јуни имаше масовни протести. Лидерката на Хонг Конг Кери Лам кажа дека ќе го суспендира предлог законот и се извини. Суспензијата треба да се случи следната година со легислативната сесија.

Лам сепак не успеа целосно да го повлече предлог законот ниту пак да одговори на други барања на протестантите вклучувајќи го она за испитување на полициските тактики употребени за време на насилните демонстрации на 12-ти јуни.

Како резултат таа сега има помала популарност, според истражување на јавно мислење спроведено од Универзитетот на Хонг Конг.

Градот беше предаден од Велика Британија на Кина во 1997.

Портпарол на владата кажа дека 25 протестанти и полицајци биле повредени за неколку часови во понеделникот.

Протестантите исто така го симнале знамето на Кина и го заменија со црна верзија на знамето на Хонг Конг во чие средиште е бел цвет.

XS
SM
MD
LG