Линкови за пристапност

Заев: Предвремени избори нема да има, но реконструкција да


Премиерот Заев најави дека до крајот на идната недела ќе ги соопшти имињата на министрите кои ќе бидат опфатени со реконстуркција како и дваесетина директори на државни претпријатија. Мицкоски на свеченоста по повод 29 годишнината од формирањето на ВМРО - ДПМНЕ најави победа на следните избори

ОХРИД - Повеќе нема дилеми околу текот на настаните на внатрешно политички план по денешниот состанок на Централниот одбор на СДСМ кој се одржа во Охрид. Заклучокот на состанокот ги исцрта следните чекори на лидерот на партијата и премиер Зоран Заев - нема да се оди на предвремени избори но реконстукција на владиниот кабинет ќе има и ќе се продолжи со политиката на евроатлантска интеграција.

„Нема потреба од предвремени избори. Единстената потреба за предвремени избори беше ако треба да ЕУ да и докажеме дека е должна да испорача кон Република Северна Македонија, а не кој некоја политичка партија. Ставот наш е дека треба да се тера цел мандат. Кога доаѓа државата при реализација на вакви стратешки определби, како што е датум за почеток на преговори со ЕУ или членство во НАТО тогаш ги ставаме сите алатки на располагање“, рече премиерот Заев.

Кога станува збор за иднината на владиниот кабинет ќе бидат сменети најмногу осум министри од повеќе политички партии од владеачката коалиција а „метлата“ ќе ја почувствуваат и дваесетина директори на јавни и државни претпријатија.

„Не повеќе од осум министри ќе бидат сменети, верувам дека до крајот на неделата ќе можам да ги соопштам имињата на новите, но и на тие што се менуваат. Паралелно со новите министри и заменици следува и разрешување на над дваесет директори на јавни институции и ќе се именуваат нови“, рече Заев по состанокот во Охрид.

Кога станува збор за датумот за старт на преговори, тој нагласи дека верува дека тоа ќе се случи и дека не менува ако е во октомври.

„Два или три месеци не се толку важни. Драго ми е што и Бундестагот преку пратениците тоа го потврди. Сето тоа не става во позиција да го скратиме времето на кои било политички промени и да донесеме одлука којашто е најцелисходна за државата и за граѓаните, а тоа е да завршат промените и Владата да продолжи со целиот капацитет и да се посвети на реформите, но и на економските перспективи како приоритет за оваа година“, рече Заев.

Околу датумот денеска стигна потврда и од амбасадорите на Германија и Франција, Томас Гербрехт и Кристијан Тимоние, кои потенцираа дека во периодот дотогаш Владата мора да се фокусира на спроведување на реформите.

Денеска, во Скопје, опозициската ВМРО - ДПМНЕ, одржа свеченост по повод 29 годишнината од фомирањето на партијата. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кажа дека датмот за преговори во јуни не бил даден поради неуспешната политика на Владата и најави победа на избори без разлика кога да се одржат.

„Датумот за почеток на преговори со ЕУ не ни е доделен „не затоа што Европа не нè сака, туку затоа што Владата не ја бива. Заев е на колена и во сопственото блато, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред“, рече Мицкоски.

Инаку на седницата на Централниот одбор на владеачката партија беа пополенти дел од раководните места, откако на минатата седница беше разрешено комплетното раководство на партијата. Избран е нов Извршен одбор а за потпретседатели на партијата дополнително ќе се одлучува.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG