Линкови за пристапност

Голема вежба на НАТО на Балтичко море предводена од американската флота


Флотата повторно е ставена во функција минатиот месец, бидејќи зголемената активност на руските и кинеските морнарици го загрижи Вашингтон

Голема воена вежба во која се вклучени поморските сили на 18 држави се одвива на Балтичкото море, но на чело на вежбата не е флотата со постојано седиште во Европа, туку таа од САД, Вирџинија.

Балтичката операција, позната како БАЛТОПС, е една од најголемите вежби во северниот дел на Европа – со 50 бродови, две подморници, 36 авиони и повеќе од 8000 војници.

Вежбата која започна во неделата, а ќе трае до 21 јуни, има речиси пет децениска традиција. И втора флота на морнарицата на САД патуваше од Источниот брег на САД до регионот за да ги води вежбите. Флотата повторно е ставена во функција минатиот месец, бидејќи зголемената активност на руските и кинеските морнарици го загрижи Вашингтон.

„Можам да бидам со мал дел од мојот персонал на бродот, на носачот на авиони или на некое друго место“, изјави за Гласот на Америка американскиот вицеадмирал Андреј Вуди Луис, командант на втората флота во Норфолк, Вирџинија, пред да се упати на вежбите.

Луис рече дека „целата намера“ за повторно воспоставување на втората флота е да се оддалечи од „поставените линии“, кои ја разбиваат географијата меѓу операциите на флотата на САД.

Втората флота го чува Северниот Атлантик и Арктикот. Беше затворена во 2011 година за да се заштедат средства.

НАТО, исто така, создаде нова команда за борба против обновените руски активности во Северниот Атлантик.

Досега, присуството на НАТО во Норфолк се фокусираше на развивање на идните воени стратегии и концепти на НАТО, а не на секојдневни операции.

Новата оперативна команда ќе ја зајакне врската помеѓу Северна Америка и Европа, во услови на растечка глобална нестабилност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG