Линкови за пристапност

Апостолакис: Грција ја поддржува трансформацијата на вооружените сили на Северна Македонија


Фотографија: Катерина Сокоу
Фотографија: Катерина Сокоу

Грчкиот министер за одбрана го исткна Договорот за безбедносна соработка меѓу двете држави, обраќајќи се на фоурм во Институтот за мир во Вашингтон

Договорот од Преспа е основа за мир и стабилност, и уникатен пример за решение на долгогодишен спор во Балканскиот регион на мирен начин, рече грчкиот министер за одбрана Евангелос Апостолакис, на денешниот форум за безбедносна политика на Европа во Институтот за мир во Вашингтон.

„Грција отсекогаш била поддржувач на интеграцијата на државите од Западен Балкан во евроатлантските организации“, изјави тој.

Апостолакис истакна дека „Грција ја поддржува трансофрмацијата на вооружените сили на Северна Македонија, со цел тие да станат сигурен и доверлив сосед“.

Тој нагласи дека минатиот месец бил потпишан Договор за безбедносна соработка меѓу двете држави, додавајќи и дека пред две недели биле иницирани тест летови во Северна Македонија, во рамки на НАТО Мисијата „Чување на воздушниот простор“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG