ВАШИНГТОН —
Трговскиот преговарач на Мексико Хесус Сеаде ги нарече заканите на претседателот на САД Доналд Трамп за зголемување на даноците поради мигрантската криза „екстремно сериозни“.
Тој рече дека ако САД ги воведат овие даноци ќе биде катастрофално.
Трамп вчера преку Твитер најави дека ќе воведе пет проценти даноци на целиот увоз од Мексико, кои ќе стапат во сила на 10 јуни, со цел да влијае врз државата да се справи со мигрантите од Централна Америка кои влегуваат во САД.
Тој предупреди дека даноците би можеле да се покачат до 25 проценти до октомври, кои ќе бидат тргнат штом ќе се постигне решение.
Facebook Forum