Линкови за пристапност

Поранешната сопруга на Безос, половина од богатството ќе го даде во хуманитарни цели


Богатството на Мекензи се проценува на 37 милијарди долари, што според индексот на Блумберг ја позиционираше на 22 место на листата на најбогати луѓе на светот

Поранешната сопруга на Безос, половина од богатството ќе го даде во хуманитарни цели

Мекензи Безос, поранешната сопруга на сопственикот на Амазон и најбогат човек на светот, Џеф Безос, половина од своето богатство ќе го донира во хуманитарни цели.

Нејзиното богатство се проценува на 37 милијарди долари, што според индексот на Блумберг се позиционираше на 22 место на листата на најбогати луѓе на светот.

Мекензи Безос се потпиша на листата на богати донатори, наречена „Giving Pledge“, што ја почнаа Ворен Бафет и Бил Гејтс во 2010 година. Со ставањето потпис на листата, богатите бизнисмени се обврзуваат да донираат половина од своето богатство во хуманитарни цели за организации и каузи што самите ќе ги изберат во текот на својот живот.

Џеф Безос, преку објава на Твитер изрази поддршка за потегот на неговата поранешна сопруга, но самиот сè уште се нема потпишано на листата за донации.

XS
SM
MD
LG