Линкови за пристапност

Тереза Меј се соочува со повик за оставка по ревидираниот план за Брегзит


Британската премиерка предупреди на „поделби и застој“ доколку законодавците го отфрлат нејзиниот последен предлог-закон за напуштање на ЕУ

Британските законодавци го осудија предлогот на премиерката Тереза Мај за повлекување од Европската унија поради се погласните барања од нејзината Конзервативна партија за нејзина оставка.

Меј, најверојатно, ќе се соочи со уште поголем притисок кога ќе бидат објавени резултатите од изборите во Европскиот парламент оваа недела, бидејќи се очекува конзервативната партија да претрпи големи загуби.

Меј во вторникот рече дека предлог-законот што планира да му го претстави на Парламентот следниот месец ќе вклучи одредба за гласање за тоа дали да се одржи втор референдум за напуштање на ЕУ, што е клучно барање на многу опозициски пратеници.

Меј, исто така, понуди поблиски трговски договори со ЕУ како уште еден поттик во она што таа го нарекува „последна шанса“ за финализирање на договорот за Брегзит.

Говорејќи пред Долниот дом во средата, Меј побара поддршка од законодавците за нејзиниот предлог-закон за напуштање на ЕУ, предупредувајќи дека ако биде отфрлен тоа ќе доведе до „поделби и застој“.

Таа најави дека нејзиниот предлог-закон за повлекување ќе биде објавен во петок, така што пратениците ќе имаат време да го проучат.

Членовите на нејзината конзервативна партија ја обвинија премиерката дека се откажала од проевропските барања, додека пратениците на опозициската Лабуристичка партија го одбија нејзиниот последен план како задоцнет.

Во вторникот, Меј рече дека по гласањето на парламентот за мерката, таа ќе утврди распоред за нејзино заминување како лидер на Конзервативната партија и како премиерка.

Сепак, сé поголем број членови на Конзервативната партија ја притискаат да го откаже гласањето и да се повлече порано.

Меј, најверојатно, ќе се соочи со уште поголем притисок кога ќе бидат објавени резултатите од изборите во Европскиот парламент оваа недела, бидејќи се очекува конзервативната партија да претрпи големи загуби.

Изборите во Британија ќе се одржат во четврток, но резултатите нема да бидат објавени до доцна во недела додека сите европски земји не завршат со гласањето.

Британските граѓани на референдумот пред три години гласаа за напуштање на ЕУ, по што земјата требаше да ја напушти ЕУ на 29-ти март оваа година. Но, блокот од 28 држави го продолжи крајниот рок до 31-ви октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG