Линкови за пристапност

Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите граѓани!


„Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и да го започнеме граѓанското помирување затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом“, рече претседателот Стево Пендаровски во неговото обраќање во Собранието

СКОПЈЕ - Ја положи заклетвата во Собранието и најави дека ќе биде претседател на сите граѓани а не само на оние кои гласале за него. Стево Пендаровски од денеска и официјално е новиот, пети по ред, престедател на државата до осамостојувањето во 1991 година.

„ Речиси и да не постои една држава којашто е толку мала, а која е поделена по толку основи. Повеќе нема да го дозволам тоа”, рече претседателот Пендаровски пред присутните во собраниската сала.

Тој нагласи дека приоритет ќе биде граѓанското помирување и ќе соработува со опозицијата. Како приоритети ги нагласи и нулта толеранција за непотизмот, корупцијата и криминалот но и економскиот развој на државата од кој, според него, зависи иднината.

На инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски во Собранието, покрај речиси комплетниот државно политички врв и поранешните претседатели, присуствуваа претседателите на Србија - Александар Вучиќ, на Косово - Хашим Тачи, на Албанија - Илир Мета ина Бугарија - Румен Радев како и министрите за надворешни работи на Грција и на Црна Гора и претставници на дипломатскиот кор во државата.

Според протоколот, по потпишувањето на заклетвата и обраќањето во Парламентот, Пендаровски продолжи во претседателската вила на Водно каде на свечена церемонија беше извршено примопредавањето на претседателската функција. По тет а тет средбата со Иванов, а потоа и со членовите на кабинетот, Пендаровски одржа билатерални редби со четворицата претседатели на соседните држави кои дојода на инаугурацијата во Собранието.

Премиерот Зоран Заев не присуствуваше на инаугурацијата бидејќи користи годишен одмор. Тој преку видео порака му ја честиташе инаугурацијата и му порача да им служи посветено и праведно на сите граѓани во дрѓавата.

„ Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ", кажа Заев во пораката.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ сега веќе поранешниот претседател Ѓорге Иванов напиша дека со чест и задоволство ја извршувал функцијата претседател во неговите два мандати и порача дека функцииите доаѓаат и поминуваат но човечноста останува.

„ Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка.Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија. Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува“, напиша Иванов.

По свечената заклетва со реакција се јави Антонио Милошоски од ВМРО - ДПМНЕ кој кажа дека државата добила претседател избран со кредит и политичка хипотека но сепак му посака успех на во петгодишниот мандат и го предупреди да не се злоупотреби апсолутната власт. На ова реагираше високиот функционер на ДУИ, Артан Груби кој истакна дека по десет години владеење на Ѓорге Иванов како претседател ќе има позитивни времиња и нагласи дека Пендаровски е победа на политиките за консензуалност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG