Линкови за пристапност

Стево Пендаровски го доби уверението за претседател


Инаугурацијата ќе се одржи утре, а на неа ќе присуствуваат претседатели на неколку соседни земји. По свеченоста ќе биде извршено и примопредавање на фунцкцијата во претседателската вила на Водно. Пендаровски најави дека во веднаш ќе ги потпише законите кои неговиот претходник ги остави непотпишани

СКОПЈЕ - Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, денеска му го врачи уверението за избран претседател на Стево Пендаровски и му посака успешен мандат. Пендаровски пак изјави дека веднаш ќе го доекипира својот тим иуште во текот на идната недела ќе ги потпише законите кои останаа непотпишани од неговиот претходник Ѓорге Иванов.

„Неколку од тие закони знам, но не сите, над дваесет кои се поминати во прописна собраниска процедура. Потоа во најбрз можен рок, ќе ги потпишам. Претспоставувам дел од нив ќе бидат потпишани уште во првите неколку дена по моето влегување во Кабинетот“, рече Пендаровски.

Пендаровски рече дека во неговиот кабинет но и во инстиуциите кои се под негова ингеренција нема да има место за политички реваншизам и најави дека утре ќе се сретне со сите членови на претседателскиот кабинет

„Една од моите први задачи ќе биде на сите вработени таму да им кажам да не се плашат бидејќи политички реваншизам нема да има. Се разбира, оние кои работеле во согласност со законите. Тие нема да почувствуваат дека има нов човек во кабинетот.Политичкиот реваншизам треба да биде минато во оваа земја. Кој прекршил закон ќе одговара, кој си работи како треба, стручно, треба да остане на работа независно деали е припадник на партијата на власт, на опозиција или не е припадник на ниедна политичка партија“, истакна Пендаровски.

Во тој контекст Пендаровски додаде и дека сите оние кои се огрешиле од законот нема да можат да работат во кабинетот на Претседателот ниту во Агенцијата за разузнавање, ниту пак во Армијата на Северна Македонија.

„Четворица вработени се во фаза на предистражна постапка, но тоа веќе не е моја работа. Јас како претседател не можам да коментирам ниту судски одлуки, а особено не истраги во рана фаза. Можам да кажам само дека сите кои се огрешиле пред законите нема да можат да работат во институциите под моја надлежност“, рече тој.

Пендаровскинајави дека темелно ќе се зафати со реформи на безбедносните служби кои се под негова надлежност, чии злоупотреби биле и најголеми приочини за длабоката политичка криза во 2015 година, Во таа насока, додаде, веќе е направено доста, како издвојување на Петтата управа и формирање на ОТА, а ќе се работи на издвојување на УБК и на координација меѓу сите служби.

Во врска со претседателските избори, новоизбраните претседател кажа дека кампањата и ДИК покажале дека во Македонија има европски капацитети и им се заблагодари на двајцата противкандидати за новниот однос.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија, каде ќе даде заклетвасо што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат. На инаугурацијата е најавено присуството на претседателите на неколку соседни држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG