Линкови за пристапност

Цензусот исполнет, одзивот до 18,30 часот – 44,55 отсто


Излезноста на гласачите до 18.30 часот е 44,55 отсто односно своето право на глас го оствариле 802.801 гласачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Обработени се податоците од 98,50 отсто од избирачките места. Со ова е надминат неопходниот услов за успешност на изборите – цензусот од 40 отсто и вечерва државата ќе добие нов претседател, пети од осамостојувањето во 1991 година.

Според официјалните податоци на ДИК најголем одзив има во Крива Паланка каде своето право на глас го оствариле 70,29 отсто од запишаните гласачи. На второто место е Демир Капија со 68,45 отсто, а потоа следуваат македонски Брод со 66,87 отсто, Крушево со 66,84 отсто и Дојран каде досега гласале 65,52 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список.

Најмал одзив повторно има во Желино каде досега гласале само 15,42 отсто од запишаните 23.524 гласачи. Слаб одзив има и во општините Боговиње каде гласале само 16,11 отсто од гласачите и Центар Жупа каде до 17 часот гласале 17.47 отсто гласачи.

Во првиот круг од претседателските избори одзивот до 18.30 часот беше послаб и изнесуваше 39,83 отсто.

Гласачкиот процес тече мирно и во најдобар ред, без никакви нарушувања соопштија набљудувачите и ДИК а сите избирачки места беа отворени навреме. Од МВР и од Обвинителството исто така потврдија дека досега немаат регистрирано случај на нарушување на избирачкиот процес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG