Линкови за пристапност

ДИК: Одзивот до 17 часот – 38,26 отсто


Повеќе од извесно е дека цензусот ќе биде исполнет и државата ќе го добие петиот претседател од осамостојувањето во 1991 година

Излезноста на гласачите до 17 часот е 38,26 отсто односно своето право на глас го оствариле 690.082 гласачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Обработени се податоците од 99 отсто од избирачките места.

Според официјалните податоци на ДИК најголем одзив има во Македонски Брод каде своето право на глас го оствариле 61,29 отсто од запишаните гласачи. На второто место е Крива Паланка со 61,28 отсто, а потоа следуваат Демир Хисар со 60,40 отсто, Демир Капија со 60,28 отсто и Крушево каде досега гласале 59,68 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список.

Најмал одзив повторно има во Желино каде досега гласале само 12,42 отсто од запишаните 23.524 гласачи. Слаб одзив има и во општините Боговиње каде гласале само 14,04 отсто од гласачите и Центар Жупа каде до 17 часот гласале 15.57 отсто гласачи.

Се поизвесно е дека цензусот од 40 отсто ќе биде исполнет и државата ќе го добие петиот претседател од осамостојувањето во 1991 година

Во првиот круг од претседателските избори одзивот до 17 часот беше послаб и изнесуваше 34,41 отсто.

Гласачкиот процес тече мирно и во најдобар ред, без никакви нарушувања соопштија набљудувачите и ДИК а сите избирачки места беа отворени навреме. Од МВР и од Обвинителството исто така потврдија дека досега немаат регистрирано случај на нарушување на избирачкиот процес.

За да се избере петиот претседател од осомастојувањето на Македонија потребно е да се исполни цензусот од 40 отсто односно од запишаните 1,8 милиони гласачи во избирачкиот список најмалку 723.253 граѓани да излезат и да гласаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG