Линкови за пристапност

ДИК: Одзивот до 13 часот 20,52 отсто


Presidential elections 2019 Macedonia second round voters turnout 13h
Presidential elections 2019 Macedonia second round voters turnout 13h

Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,52 отсто односно своето право на глас го оствариле 359.024 гласачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Обработени се податоците од 97 отсто од избирачките места.

Според официјалните податоци на ДИК најголем одзив повторно има во Крива Паланка каде своето право на глас го оствариле 39,69 отсто од запишаните гласачи. На второто место е Крушево со 34,33 отсто, а потоа следуваат Прилеп каде до 13 часот гласале 33,84 отсто, Кратово со 33,82 отсто и Гевгелија со 33,07 отсто гласачи кои го оствариле своето право.

Најмал одзив има во општините Желино каде досега гласале само 4,22 отсто од запишаните 23.524 гласачи, Врапчиште со 6,12 отсто и Боговиње каде своето право на глас го оствариле 6,21 отсто од граѓаните.

Во првиот круг од претседателските избори одзивот до 13 часот беше послаб и изнесуваше 20,05 отсто.

Гласачкиот процес тече мирно и во најдобар ред, без никакви нарушувања соопштија набљудувачите и ДИК а сите избирачки места беа отворени навреме. Од МВР и од Обвинителството исто така потврдија дека досега немаат регистрирано случај на нарушување на избирачкиот процес.

За да се избере петиот претседател од осомастојувањето на Македонија потребно е да се исполни цензусот од 40 отсто односно од запишаните 1,8 милиони гласачи во избирачкиот список најмалку 723.253 граѓани да излезат и да гласаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG