Сите 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје утрово во 7 часот беа отворени навреме а 1.808.131 граќани запишани на избирачкиот список имаат можност да го остварат своето гласачко право и да го дадат својот глас за еден оддвајцата кандидати,кандидатот на опозицијата - Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, кандидат на владеачкото мнозинство.
Силјановска и Пендаровски го минаа првиот круг од гласањето на шестите претседателски избори а од трката испадна Блерим Река кандиодат на Алеијанса на Албанците и БЕСА кој освои речиси 80 илјади гласови однонсо 10,60 отсто од излезените гласачи. Пендаровски го доби првиот круг, тесно со разлика од 4.500 гласови пред Силјановска. Пендаровски освои 42,81 отсто од гласовите, а Сиљановска 42,25 отсто. Ниту еден од кандидатите не ги освои неопходните 904.066 гласови односно 50 отсто од избирачкитѕе во избриачкиот список за да прогласи победа во првиот круг.
За да се избере петиот претседател од прогласувањето на независноста на државата потребно е да се изполни цензусот од 40 отсто, односно најмалку 723.253 граѓни да излезат и да го остварат своето право на глас. Ако во вториот круг не биде исполнет цензусот, според Уставот и Изборниот законик,се повтори целата изборна постапка односно се распишуваат нови претседателски избори. На 12 мај истекува мандатот на претседателот Ѓорге Иванов и во случај на неуспешни избори функцијата претседател на Република Северна Македонија привремено ќе ја извршува претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Лидерите на политичките партии од владеачката коалиција и од опозицијата најавија и предвремени парламентарни избори доколку не се исполни цензусот и пропаднат претседателските.
Во првиот круг на шестите претседатлски избори гласаа 755.702 граѓани запишани во избоирачкиот список, односно 41,79 отсто што е најмал одзив на претседатлски избори од осамостојувањето на дрѓавата во 1991 година.
Претседатлските избори ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК. Истовремено со претседателските избори се одржува и вториот круг од предвремени локални избори за градоначалници на Охрид и на Ново Село.
Facebook Forum