Линкови за пристапност

ДИК: Одзивот до 10 часот 6,16 отсто


Излезноста на гласачите до 10 часот е 6,16 отсто односно своето право на глас го оствариле 111.051 гласач, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес конференција од вториот круг на претседателските избори во Република Северна Македонија. Споредено со првиот круг одзивот е понизок бидејќи тогаш првото на глас го оставариле 6,23 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.

Според официјалните податоци на ДИК најголем одзив има во Крива Паланка каде своето право на глас го оствариле 14,91 отсто од запишаните гласачи, Демир Капија 13,24 отсто, Пехчево 12,59 отсто и Кратово каде до 10 часот гласале 12,46 отсто.

Најмал одзив има во општините Врапчиште каде излегле само 1,16 отсто од запишаните гласачи, Дебар со 1,29 отсто и Боговиње каде досега гласале 1,31 отсто од гласачите во избирачкиот список.

Гласачкиот процес тече мирно и во најдобар ред, без никакви нарушувања соопштија набљудувачите и ДИК а сите избирачки места беа отворени навреме.

За да се избере петиот претседател од осомастојувањето на Македонија потребно е да се исполни цензусот од 40 отсто односно од запишаните 1,8 милиони гласачи во избирачкиот список најмалку 723.253 граѓани да излезат и да гласаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG