Линкови за пристапност

Иселениците гласаа во вториот круг за претседател, одзивот е 46 отсто


Во вториот круг на шестите претседателски избори право на глас имааат 1.8 милиони гласачи а за да се избере претседател потребен е цензус од 40 отсто односно најмалку 723.253 граѓани да излезат и да го гласаат

СКОПЈЕ - Утре околу полноќ ќе се знаат првите официјални резултати од гласањето на шестите претседателски избори од осамостојувањето на државата на кои ќе се избере петиот претседател на независна Македонија и првиот претседател на Република Северна Македонија.

Денеска гласаа иселениците, осудениците и притворениците и изнемоштените лица. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) излезноставо дипломатско конзуларните претставништва во странство е 46,16 отсто и е повисока од првиот круг. Тука не се вкалкулирани резултатите од шесте избирачки места во САД и Канада каде поради временската разлика гласањето сеуште е во тек.

„ Во казнено поправните институции гласаа 74,13 отсто од запишаните избирачи додека во двата старски дома од 71 запишан, гласаа 65 лица“, соопшти Љупка Гугучевска, портпарол на ДИК идодаде дека гласањето минало без никакви проблеми и нарушувања на процесот на гласање.

Денеска право на глас имаа 1.781 лице кои се пријавија за гласање во дипломатско конзуларните претставништва, 1.640 осуденици и притвореници во казнено порпавните институции и 4.407 болни и немоќни лица.За прв пат оваа година се гласа и во два старечки дома.

Во вториот круг на шестите претседателски избори право на глас имааат 1.8 милиони гласачи а за да се избере претседател потребен е цензус од 40 отсто односно најмалку 723.253 граѓани да излезат и да гласаат. Доколку не се постигне цензусот и не се избере претседател целата постапка се повторува а функцијата претседател ја извршува собранискиот спикер. Лидерите на политичките партии од власта и опозицијата најавија новипредвремени парламентарни избори доколку не се исполни цензуот и претседателските избори пропаднат. Домашната и меѓународната експертска јавност се погласно предупредува дека цензусот мора да се укине, а како опција се наметнува и избор на претседател на државата во Собранието.

Во првиот круг од шестите претседателски избори, кој мина во најдобар ред и без никакви нарушувања на изборниот процес, своето право на глас го искористија граѓани 753.520 или 41,67 отсто од запишаните избирачи. Во вториот круг влегоа двајцата кандидати со најмногу освоени гласови а меѓу кои рaзликата е 0,6 отсто или нешто повеќе од четири илјади гласа.

Изборите ќе ги следат 3.381 домашнии520 странски набљудувачи а акредитирани се и шеесетина странски новинари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG