Слободата на медиумите и непристрасното известување беа едни од клучните прашања кои се наметнуваа во последните десетина години во државата. Дали Владата и министерствата треба да се рекламираат со буџетски пари во медиумите, дали станува збор за реклама или пропаганда и колку тоа влијае на уредувачката политика на медиумот.
Во периодот од 2006 до 2016 година во Северна Македонија се воведе пракса преку која Владата стана еден од најголемите закупувачи на простор за рекламирање на своите кампањи и политики како во електронските така и во печатените медиуми.
Независноста на медиумите која е директно поврзана со финансиската стабилност се најде под силен удар на буџетските пари кои се слеваа на сметките а преку кои почна да се диктираат уредувачките политики во некои медиуми.