Линкови за пристапност

Нула денови платено породилно отсуство во САД 


Нула денови породилно отсуство во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

САД се единствена развиена земја во светот што нема платено породилно отсуство. Многу жени се принудени да се откажат од работните места кога ќе станат мајки

Морина станала мајка неодамна. Нејзиниот син Оливер има десет месеци, но речиси девет од нив е во дневна грижа на некој друг, зашто Морина морала да се врати на работа по пет недели отсуство.

Морам да работам, не успеав ни целосно да се опоравам, а имам физички активна работа. Беше многу тешко, зашто сум постојано во движење. Лекарот ми препорача помалку напор, но кај мене тоа беше неприменливо”, вели Морина.

Морина е типична жена-мајка во САД. Има илјадници како неа, зашто во Соединетите држави не постои платено породилно отсуство.

Мајките прават се` да останат повеќе време со бебето. Земаат неплатено колку можат, но тоа не само што им го оштетува семејниот буџет туку и им ги намалува и можностите за напредок. Морина тоа вака го толкува.

Оваа земја е многу фокусирана на жените, но во насока да бидат третирани како мажите, да немаат деца. Тоа нас, жените кои сакаме да имаме деца, нè остава на опашката на општеството”, истакнува Морина.

Ова е стар проблем за САД.

“Жените во оваа земја се враќаат на работа после само десет дена од породувањето. Некои мораат и сосема да ја напуштат работата. Тоа создава сериозни економски проблеми за семејствата. Ситуацијата воопшто не е добра”, вели Рут Мартин, потпретседателка на MomsRising.

Рут Мартин е од организацијата MomsRising или во превод „Мајките се креваат“.

Таа вели дека последиците се далекусежни, зашто многу двојки се откажуваат од намерата да имаат деца за да останат во професијата и да прават кариера.

“Тоа го слушaме често, бидејќи не постои систем што би ги заштитил. Едно истражување покажа дури дека нема доволно новороденчиња за да се одржи работната сила во САД”, вели Рут Мартин, потпретседателка на MomsRising.

Од организацијата велат дека само 17 проценти од жителите на САД имаат платено отсуство за семејни причини, во што спаѓа и породувањето.

“Мојата компанијата ми овозможи 12 недели платено породилно отсуство. Но, имам пријателки кои не се толку среќни. Мораа да се вратат на работа шест недели по породувањето, а и тие недели не им беа целосно платени”, вели младата мајка Саманта.

Неколку сојузни држави, како Калифорнија, Њу Џерси, Вашингтон, Масачусетс, Њујорк имаат закони поволни за семејствата и мајките. Но федерален закон за ова не постои. Мартин вели дека е потребна универзална програма.

“Постојат многу добри модели и оптимисти сме дека САД во следните неколку години ќе бидат на иста линија со остатокот од светот по ова прашање”, укажува вели Рут Мартин, потпретседателка на MomsRising.

Од организацијата се убедени дека ова е добар момент за нов обид во таа насока.

XS
SM
MD
LG