Линкови за пристапност

Македонскиот уметник Корубин се претстави пред публиката на Менхетн


Македонскиот уметник Корубин се претстави пред публиката на Менхетн
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Поставката насловена „Поглед“ е прва самостојна изложба на македонскиот уметник Михаил Корубин во САД

Михаил Корубин не е ново име за американските љубители на уметноста, но поставката насловена „Поглед“ е прва самостојна изложба на македонскиот уметник во САД.

За мене ова е еден чекор подлабоко во уметничкиот свет. Свет кој што се отвора постојано пред вас на еден сосема поинаков начин. Пред се` јас сум задоволен што дојдов со дела во кои навистина се пронаоѓам. Огромно задоволство ми е тие дела да ги споделам со светот.
Михаил Корубин, македонски уметник

Проминентната локација на галеријата „MC“ на Менхетн допринесе за посетеноста на изложбата која, со зборови на авторот, дава можност за целосно „уживање во неговата бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои личат на секого и на никого“.

„За мене ова е еден чекор подлабоко во уметничкиот свет. Свет кој што се отвора постојано пред вас на еден сосема поинаков начин. Чувството за тоа кој ќе дојде и како ќе ја прифати вашата уметност е секако возбудливо, но пред се` јас сум задоволен што дојдов со дела во кои навистина се пронаоѓам. Огромно задоволство ми е тие дела да ги споделам со светот“, вели Корубин.

А тие дела се петнаесет слики од голем формат на кои Корубин работел во масло и акрилик на платно последните две години. Изборот на сликите не е случаен, вели Корубин.

​„Нацртот од галеријата го знаев уште пред да дојдам во Њујорк, така што веќе имав целосна замисла за тоа како би стоеле делата во просторот. Сликите ги закачивме во еден здив и легнаа токму како што замислував“, вели тој.

Отворањето минало во прекрасна атмосфера, вели тој, и на негово изненадување дошла публика во поголем број од очекувањето.

„Покрај нашите Македонци пријатели, исто така драго ми е што дојдоа многу њујоркчани и луѓе кои ја следат мојата уметност на социјалните мрежи.“

Михаил Корубин е признато име на светската ликовна сцена, но изложбата во Њујорк е големо постигнување кога ќе се земе предвид дека градот е репер на светската уметничка сцена, бидејќи тука се родиле многу културни движења. Меѓу другото оттука потекнува и познатата „Њујоршка школа“ во сликарството.

​„Целта на изложбата беше луѓето да се запознаат со делата на еден поинаков начин. Да можат да ги доживеат во една интимна и лична атмосфера. Енергијата кога делата се гледаат во живо е поинаква од онаа преку социјалните медиуми, каталози и други промотивни канали“, вели уметникот.

Корубин е редовно е присутен на најголемите социјални медиуми за уметност. Неговите слики се застапени во реномирани меѓународни публикации за уметност, како Hi fructose Magazine и Masters of contemporary art-Art galaxie.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG